Владе Дивац се осврна на една од најкритикуваните одлуки од времето кога беше генерален менаџер на Сакраменто, пропуштената можност да го избере Лука Дончиќ. Српскиот поранешен кошаркар призна дека Дончиќ бил високо на нивната листа на желби, но дека на крајот донел поинаква одлука.
„Дури отидов во Мадрид да разговарам со Лука една година пред драфтот. Тој беше близу до врвот на нашата листа. Но, очигледно, изгледа дека направив грешка“, рече Дивац во подкастот на Бајрон Скот.
Во меѓувреме, Дончиќ прерасна во еден од најдобрите играчи во НБА, што дополнително ја става оваа одлука под лупа. Дивац, исто така, објасни како размислувал во тоа време.
„Сите мои асистенти велеа дека може да игра на крило, но јас реков не, Лука е плејмејкер. Тој е тренер на теренот.“
„Мислев дека ако го доведам Лука, ќе морам да го трејдам Диерон Фокс. Веќе имав однос со него и верував дека е идеален за нас како мал тим. Лука е повеќе голем играч на пазарот“, заврши Дивац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

