Легендата на српската кошарка, Владе Дивац беше дочекан со свирежи од дел од трибините на синоќешниот спектакл во чест на легендарниот Дражен Петровиќ, кој се одржа во Загреб.
И додека Жељко Обрадовиќ и Бобан Марјановиќ предизвикаа воодушевување кај хрватската публика, Владе Дивац не беше добро пречекан затоа што Хрватите се уште му го паметат потегот од СП 1990 кога открадна усташко знаме од еден навивач и го тргна од теренот.
Па, за време на синоќешното претставување Дивац доби свиреж на што веднаш регираше Аца Петровиќ, братот на починатиот Дражен, кој стана од столчето дојде на терен и од публиката побара да престане со свирежите.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 5, 2024
Како што е познато, за време на славјето на кошаркарите на Југославија на СП 1990 во Аргентина кога ја освоија светската титула, на терен втрча навивач со хрватско знаме кое Дивац му го отргна и го фрли на подот.
„Во Хрватска се зборува дека сум го газел хрватското знаме, но тоа не е точно. На СП 1990 имаше многу знамиња наоколу, но тоа не беше хрватското, туку усташко знаме. Го следев дечкото кој трча на терен со тоа знаме и му реков дека на такво знаме не му е местото тука. Тогаш тој југословенското знаме го нарече ѓубре, па јас му го отргнав неговото усташко знаме и го фрлив на подот“ – објасни години потоа Дивац.
Boban Marjanović i Željko Obradović dočekani su gromoglasnim aplauzom u Zagrebu. 🫶 pic.twitter.com/9G6kHCOVOD
— B92 Sport (@b92sport) September 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА