Дивјачки старт: Во Шпанија ВАР не важи кога треба да му се покаже црвен картон на Реал Мадрид (видео)

Во таборот на Реал Мадрид треба да се пресреќни што првото полувреме го завршија со 11 фудбалери на теренот, откако судиите му простија дивјачки старт „за затвор“ на Бразилецот Кашемиро.

Тој брутално стартуваше над еден од домашните фудбалери, главниот судија ги извади двата картони, но му го покажа ж0лтиот, а уште пошокантно беше што ВАР-арбитрите воопшто не реагираа, иако на повторената снимка добро се гледа за каква бруталност станува збор.

 

Се вчитува...