Дивок Ориџи на излезна врата од Ливерпул

Тотенхем скромно пазареше ова лето, па се поинтензивно во англиските медиуми се наведува дека Маурицио Покетино е подготвен наредниве денови да го доведе напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориџи.

Ориџи на почетокот од новата сезона не е во плановите на Јирген Клоп, кој се повеќе доверба има во Фирмино и Стариџ, поради што белгискиот интернационалец би можел да ги напушти „црвените“.

Белгиецот во Ливерпул е од 2014 година каде за 10 милиони фунти пристигна од Лил, од тогаш одигрувајќи 51 натпревар во Премиер лигата со постигнати 12 погодоци.

Се вчитува...