Белгискиот интернационалец Дивок Ориџи ќе го напушти „Енфилд роуд“ и претстојната сезона ќе ја мине во бундеслигашот Волфсбург. Тој не се избори за минутажа во редовите на Ливерпул и затоа една година ќе биде позајмен во составот на „волците“.
Ливерпул за оваа позајмица ќе добие 6 милиони фунти. Инаку, Ориџи ова лето беше поврзуван со можен трансфер во Монако и во Тотенхем, но на крајот заврши во Бундес-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА