Ѓоковиќ: Не беше лесно, Музети нема што да изгуби

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ е задоволен од играта против Рикардас Беранкис, но вели дека натпреварот не бил толку едноставен како што вели резултатот. Србинот го победи Литванецот со 6-1, 6-4, 6-1 на стадионот „Филип Шатрије“ и се пласираше во осминафиналето на Ролан Гарос.

Новак се заблагодари на поддршката, па потенцираше дека по долго време е убаво да се види пубиката на трибините.

“Беше убаво. Благодарам за поддршката, секогаш е убаво да се гледа публиката на трибините. Игравме без гледачи на трибините долго време и ја посакувавме. Играв солидно, имав одлично чувство, со варијации во играта. Можеби се чинеше едноставно, но не беше. Топката денес отскокнуваше поинаку, пониско од вообичаеното“, рече Ѓоковиќ.

Ривал на Ноле во борбата за четвртфиналето ќе биде 19-годишниот Италијанец Лоренцо Музети.

„Нормално е да се размислува за следниот натпревар. Ќе играм малку со мојот тим, ќе тренирам утре и ќе се подготвам за дуелот со Музети. Тој е многу млад играч, дава многу спин на топката и игра брзо. Тој нема што да изгуби и јас ќе се подготвам што е можно подобро за тој дуел“, додаде Ѓоковиќ.

Се вчитува...