Дното е допрено: Свирежи при секој допир на Меси со топката на „Паркот на принцовите“

Навивачите на ПСЖ веќе подолго време не ја кријат желбата клубот што поскоро да се ослободи од Лео Меси, но дното беше допрено вечерва, откако Аргентинецот е исвиркуван буквално при секој допир со топката на дуелот со Ажаксио што се игра на „Паркот на принцовите“.

Ова е прв натпревар на Меси по изречената суспензија од клубот за патувањето во Саудиска Арабија, а најверните навивачи јасно ставија до знаење дека за Аргентинецот нема место во нивниот омилен клуб.

Уште еден јасен знак дека за Лео Меси нема иднина во ПСЖ и дека аргентинскиот генијалец на крајот од сезонава дефинитивно ќе си замине од редовите на францускиот првак.

Се вчитува...