До Нико Ковач ли беше…Баерн ја декласира Борусија Дортмунд

Баерн Минхен ја декласираше Борусија Дортмунд со 4-0 на „Алијанц арена“ враќајќи ја позитивната атмосфера по дебаклот во Франкфурт, по кој оставка поднесе и Нико Ковач. Со Ханс-Дитер Флик на клупата, кој е поставен за привремен тренер, фудбалерите на Баерн Минхен делуваат незадржливо.

Роберт Левандовски во 17.минута донесе предност за баварскиот клуб, а „милионерите“ беа ’докусурени’ во второто полувреме. Серж Гнабри во 47.минута зголеми на 2-0, Левандовски беше стрелец и на третиот гол, а на крајот Матс Хумелс си постигна и автогол за вистински дебакл на Борусија Дортмунд.

По овој триумф, Баерн Минхен се наоѓа на третата позиција на табелата во Бундес-лигата со 21 бод.

Се вчитува...