Доаѓа нова ера: Дејан Бодирога нов претседател на Евролигата

Евролигата ги потврди промените во раководстовто. На местото на Жорди Бертомеу кој оваа улога ја вршеше 22 години, доаѓа легендата на југословенската кошарка, Дејан Бодирога. Србинот со себе носи големо знаење и искуство со кое се очекува да се зголеми квалитетот на натпреварувањето, клубовите, играчите, партнерите и другите заинтересирани страни.

Трикратниот освојувач на шампионскиот трофеј во престижното натпреварување не го криеше задоволството од функцијата, велејќи дека ќе продолжи да работи напорно за ширење на најсилните кошаркарски натпреварувања на „стариот континент“.

„Доаѓа нова ера во Евролигата. Изминатите 20 години првото европско кошаркарско натпреварување постана моќно во глобалниот спорт. Би сакал да му се заблагодарам на Жорди Бертомеу и неговиот тим за визијата и напорната работа. Се радувам на можноста за продолжување на проектот и проширувањето на Евролигата и Еврокупот“, изјави Бодирога.

Се вчитува...