Доаѓа новата генерација во НБА: Ентони Едвардс рамо до рамо со Леброн и Дурант (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беше испишана историја откако првиот пик на драфтот кој се одржва во 2020 година, Ентони Едвардс одигра маестрален натпревар. 19-годишното „руки“ мечот помеѓу неговата Минесота и Феникс го заврши со 42 поени на кои додаде и 7 скока и 3 асистенции.

Едвардс покрај тоа што постави франшизен рекорд со 42 постигнати поени во првата сезона во дресот на тимот од Минеаполис, пет повеќе од Зек Лавин (37) и седум повеќе од Карл Ентони Таунс (35), застана и рамо до рамо со легендарните Леброн Џејмс и Кевин Дурент како трет најмлад кошаркар со повеќе од 40 постигнати поени.

Се вчитува...