Доаѓааат „Делије“ – вонредна состојба во Салцбург

Црвена звезда се наоѓа на 90 минути до пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, а навивачите на српскиот првак се свесни колку поддршката на гостувањето во Салцбург ќе биде значајна за нивните миленици. Медиумите од нашиот северен сосед најавуваат дека над 10.000 фанови утре ќе пристигнат во овој австриски град, од кои 7.200 веќе имаат и купено билети за реваншот кој е целосно распродаден.

На теренот ќе се води војна за место во елитата, но полицијата во Салцбург стравува од нешто слично и на улиците, поради што се преземаат посебни мерки за безбедност.

„Знаеме какви пресметки се случуваат за време на големите дерби натпревари во Србија. Исто така ни е јасно дека многу навивачи нема да дојдат само за фудбал, но ние сме подготвени за нив“ – изјави Ханс Волфгрубер, портпарол на полицијата во Салцбург.

Австриските медиуми јавуваат дека полициските сили се подготвуваат за „вонредна состојба“, а на готовс ќе бидат и анти-бомбашки специјалци, полициски кучиња, како и хеликоптери кои во текот на утрешниот ден ќе го надлетуваат градот.

Првиот натпревар меѓу Црвена звезда и Салцбург се играше пред празни трибини и заврши 0-0.

Се вчитува...