„Добар момент да бидеш Србин“

Денвер Нагетс стигна до првата титула во историјата на НБА лигата откако во финалната серија славеше над Мајами Хит со 4-1.

И повеќе од заслужено за МВП во финалето беше избран српскиот интернационалец Никола Јокиќ.

По завршувањето на мечот на прес-конференција, ѕвездата на Денвер изјави дека ова е добар период да се биде Србин.

„Спортот е нешто што е посебно за сите нас во Србија, дури и пред десет, 20 години. Сега го имаме Ѓоковиќ, кој е веројатно најдобриот досега. За нас тој е секако најдобар досега, а сега кога имаме шампион во НБА, мислам дека е навистина добро време да се биде Србин“, изјави Јокиќ.

Се вчитува...