Доби отказ од Хрватска, ќе стане селектор на Бразил

Александар Петровиќ по елиминацијата на Хрватска од Русија на Евробаскет 2017 доби отказ од селекторската функција, но овој стратег експресно пронајде нов ангажман, и тоа во далечна земја.

Станува збор за Бразил, откако Кошаркарската Федерација на оваа земја му понудила на Петровиќ да стане селектор на „кариоките“ во обидот да се избори пласман на СП во Кина. Неговата филозофија им се допаднала Бразилците уште на ОИ во Рио, каде Хрватска го совлада домаќинот. Петровиќ тогаш ја одби понудата бидејќи сакаше да остане на чело на својата национална селекција, но откако доби отказ минатиот месец, веќе нема никакви пречки за негова преселба во Јужна Америка.

Информацијата ја пренесоа неколку бразилски медиуми, според кои Хрватот е главен фаворит за наследник на Цезар Гвидети, кој не ги оправдал очекувањата на Бразилската Кошаркарска Федерација.

Се вчитува...