Македонската ракометна репрезентација има добри шанси за пласман на ЕП 2024 откако нашиот национален тим на денешната ждрепка беше извлечен во групата 1, каде за ривали ќе ги има Португалија, Турција и Луксембург.
Португалија беше една од послабите селекции од првиот шешир на носители, додека Турција и Луксембург се селекции кои можеме да ги совладаме, дури и со градењето на една нова генерација, со оглед на фактот дека овие квалификации што ќе почнат наесен ќе ги играме без помошта на Кире Лазаров и Филип Миркуловски.
Пласман на ЕП 2024 ќе обезбедат двете најдобри селекции од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани репрезентации од осумте групи.
ГРУПА 1: Португалија, МАКЕДОНИЈА, Турција, Луксембург.
ГРУПА 2: Норвешка, Србија, Словачка, Финска.
ГРУПА 3: Исланд, Чешка, Израел, Естонија.
ГРУПА 4: Австрија, Украина, Романија, Фарски Острови.
ГРУПА 5: Хрватска, Холандија, Грција, Белгија.
ГРУПА 6: Унгарија, Швајцарија, Литванија, Грузија.
ГРУПА 7: Словенија, Црна Гора, БиХ, Косово .
ГРУПА 8: Франција, Полска, Летонија, Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА