Добра слика за најдоброто со кое располага Македонија: Тоа е изборот… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалска Македонија имаше добра можност денеска во Струмица да го погледне најдоброто со кое располага репрезентативниот фудбал. На пријателскиот натпревар со Ерменија, селекторот Благоја Милевски им даде шанса буквално на сите расположиви сили кои се со мала или никаква минутажа во репрезентативниот дрес. А, кои, објективно, ја оправдаа довербата со триумфот од 3-1 против една незгодна селекција со која често се соочуваме.

И кога се ќе се сумира, јасно е дека овој список на фудбалери, плус-минус со уште неколку имиња кои овој пат на беа на октомврискиот собир како повредениот Тихо Костадинов, но и офанзивецот Доријан Бабунски е всушност иднината на репрезентативниот фудбал. Тоа е изборот на најдобрите од кој не може да се побегне и низ следниот квалификациски циклус.

Денеска во Струмица и Илјазовски, и Димовски, и Алими, и Димитар Митровски и Даци…потврдија дека и тоа како се заслужено во националниот тим кој, онака како што почна во септември и во октомври, треба да продолжи со сериозно подмладување како единствен начин за успешен настап низ идните квалификации…

 

Се вчитува...