Добра вест: Адеми ќе биде „фит“ за Италија

Македонскиот селектор Благоја Милевски може да здивне по добрите вести што пристигнуваат од Хрватска, а се однесуваат на здравствената состојба на Аријан Адеми.

Одличниот играч за врска се повреди веднаш  по влегувањето во игра на градското дерби меѓу Динамо и Локомотива Загреб, по што тој го пропушти и гостувањето против Осијек. Адеми се уште не е во тренажен процес и ќе го пропушти и наредниот дуел со Шибеник, но се очекува потоа тој да се врати на терените.

Имено, хрватските медиуми најавуваат дека капитенот на Динамо Загреб ќе биде оспособен за големото дерби на „Пољуд“ против Хајдук, меч што е исклучително значење за Динамо во трката за титулата. Мечот во Сплит е закажан за 12 март, што значи дека Адеми ќе има доволно време да влезе во топ-форма пред гостувањето во Палермо против Италија, во баражот за пласман на СП 2022.

Во ситуација кога поради суспензии нема да можат да настапат Елмас и Костадинов, јасно е дека улогата на Аријан Адеми во средниот ред на националниот тим уште повеќе ќе добие на тежина.

Се вчитува...