Добра вест: Елмас ќе биде во комбинација за Милан

Елиф Елмас е добар, и ќе биде во комбинација за настап на дербито против Милан престојниот викенд. Ова го потврди и тренерот на Наполи, Лучијано Спалети кој кажа дека Елмас е заздравен и дека ќе може да игра на следниот натпревар.

„Медицинскиот персонал го оспособи Елмас и може да игра со Милан, додека Инсиње и Лоботка тренираа под специјална програа, но и двајцата ќе може да патуваат со нас во Милано. Постои оптимизам и за опорвувањето на Руи. Со Инсиње треба да се постапи внимателно, додека Фабијан Руиз поради грип нема да игра“, рече Спалети.

Елмас се повреди на натпреварот со Емполи, кога при еден обид беше изблокиран, а потоа удри во ногата на дефанзивецот, по што веднаш го напушти теренот.

Се вчитува...