Добра вест: Гереиро нема скршеница на зглобот

Повредата на Рафаел Гереиро сепак не е од посериозен карактер, па левиот бек на португалската репрезентација наскоро би можел да се врати на фудбалските терени. Тој вчера настрада при еден дуел на мечот со Русија, по што се стравуваше дека станува збор за фрактура на зглобот на ногата и пауза од неколку месеци.

Сепак, деталните прегледи врз Гереиро донесоа добра вест за португалската репрезентација, како и за неговиот клуб Борусија Дортмунд.

По деталните прегледи беше утврдено дека не станува збор за скршеница на зглобот на Гереиро, туку само за значителен оток. Тоа е добра вест за сите“ – соопштија од раководството на Борусија.

Левиот бек најверојатно нема да може да настапува за Португалија до крајот на Купот на Конфедерациите, но се очекува да биде „фит“ за стартот на новата бундеслигашка сезона, во првата половина од месец август.

Се вчитува...