Добра вест и за Македонија: УЕФА ќе го зголемува бројот на репрезентации на ЕП

Македонија би можела се почесто да стане дел од европските шампионати во фудбал, откако УЕФА го обелодени планот за зголемување на бројот на репрезентации на наредните континентални собири.

Веста прв ја објави британскиот весник „Дејли Мејл“, повикувајќи се на високи претставници од европската куќа на фудбалот. Според овие извори, почнувајќи од ЕВРО 2028 бројот на учесници на европските првенства ќе се зголеми од 24 на 32 селекции. Домаќин на овој шампионат ќе биде Велика Британија, а УЕФА во текот на оваа година и официјално ќе го објави проширувањето на шампионатите.

Фудбалските европски првенства до 2016 година броеја 16 учесници, тогаш бројот на репрезентации беше зголемен на 24, а планот на УЕФА е од 2028 дел од ЕП да бидат дури 32 селекции. Ова практично ќе значи и дека повеќе од половина од европските репрезентации (32 од вкупно 55) ќе имаат можност да бидат дел од ова големо натпреварување.

Се вчитува...