Добра вест од Каиро: Првите Covid-тестови се негативни

Македонската експедиција во Египет ја доби и првата добра вест по пристигнувањето во Каиро, сите брзи тестови што биле извршени врз делегацијата, стручниот штаб и ракометарите биле негативни, по што „црвено-жолтите“ се упатиле во хотелот во Каиро.

Согласно протоколите, веднаш при пристигнувањето врз репрезентациите се вршат брзи тестови, а по пристигнувањето во хотелот следи и ПЦР тестирање.

Првите тестови биле негативни, се очекува истото да биде случај и со ПЦР-тестовите, па Македонија комплетна да влезе во утрешниот дуел со Шведска.

Нашите ракометари утре ќе одржат полесен тренинг во Каиро, по што во 20.30 часот ќе излезат на мегдан со Швеѓаните, во обид да го изненадат големиот ривал.

Се вчитува...