Добра вест од Валенсија: Барди и соиграчите се негативни на Ковид-19

Во фудбалска Шпанија завладеа хаос откако денеска беше објавено дека тројца фудбалери на Валенсија се позитивни на коронавирусот. Станува збор за Гарај, Гаја и Мангала, по што во Ла Лига уште повеќе се рашири паниката поради стравот од евентуално ширење во други тимови.

Тимот на Леванте, за кој настапува и македонскиот репрезентативец Енис Барди, исто така доаѓа од Валенсија, но за среќа во овој табор нема позитивен играч на Ковид – 19.

„Можеме да објавиме дека по извршените тестови во петокот врз сите фудбалери и членови на стручниот штаб, сите резултати се негативни“, објавија од раководството на Леванте.

И покрај објавената вонредна состојба ширењето на коронавирусот во Шпанија продолжува, па јасно е дека блокадата на спортските настани во оваа земја нема да биде стопирана на почетокот од месец април.

Се вчитува...