Добра вест: Повредата на Димитријевиќ не е сериозна

Ненад Димитријевиќ имаше многу среќа при незгодната повреда заработена на синоќешниот дуел со Барселона. Повредата во прв момент изгледаше многу лошо, а македонскиот плејмејкер се жалеше на болка во коленото, но за среќа ситуацијата не е премногу сериозна.

Лекарскиот тим на Хувентуд денеска објави соопштение за здравствената состојба на Македонецoт, потенцирајќи дека станува збор за проблем со мускулот на ногата. Поради ова, Димитријевиќ најверојатно ќе го пропушти вториот меч од плејофот со Барселона, но добра вест е што не станува збор за никакво оштетување на лигаментите во коленото.

Хувентуд претрпе пораз од убедливи 87-61 на првиот плејоф дуел со Барса.

Се вчитува...