Добра вест: Повредата на Меси не е сериозна

Учеството на Лионел Меси на претстојниот фудбалски мундијал не би требало да биде доведено во прашање без оглед на повредата што аргентинскиот генијалец ја заработи на синоќешниот дуел за својот клуб Интер Мајами.

Веста дека Меси побарал да биде заменет жалејќи се на повреда предизвика бурна реакција во фудбалскиот свет, ако се знае дека почетокот на СП 2026 е закажан за помалку од 20 дена.

Сепак, од Интер Мајами информираа дека проблемот не е премногу сериозен, Меси почувствувал мала болка во мускулот и самиот побарал да биде заменет за проблемот да не стане поголем во текот на натпреварот.

Деталните прегледи покажале дека не станува збор за истегнување или кинење на мускул, туку само за преоптоварување, за што е препорачан одмор од неколку дена.

Аргентина може да здивне – големиот ас ќе може да ги предводи „гаучосите“ во одбраната на светскиот трон.

Се вчитува...