Швајцарците и Колумбијците никако да дадат гол – Се играат продолженија

Швајцарија и Колумбија играат продолженија во последниот осминафинален натпревар на Светското првенство 2026.

Нема голови во регуларниот дел од мечот, иако и двете селекции овозможија возбудувања за своите навивачи.

Европската селекција го отвори натпреварот подобро, но како што одминуваше играта, Колумбија ја презеде иницијативата, играта и поседот, и создаде неколку опасни ситуации.

Швајцарците имаа и една солидна шанса, па по сè што видовме, можеме да кажеме – возбудливи 0-0 во Ванкувер.

Се вчитува...