Добра вест за Адетокумбо и Милвоки

Јанис Адетокумбо заработи незгодна повреда на последниот дуел со Бостон, по што еднаш се упати кон соблекувалната, а во таборот на Милвоки владееше огромен страв дека станува збор за проблем со тетивата.

Поради ова врз грчкиот ас беа извршени детални лекарски прегледи, кои донесоа добра вест за грчката суперѕвезда и неговиот тим. Тетивата на Адетокумбо е неоштетена во повредата, а причината поради која големиот ас предвреме го завршил мечот е истегнување на мускулот на левата нога.

Вообичаената пауза при овој вид на повреди изнесува две седмици, но Адетокумбо важи за кошаркар што се враќа на терените побрзо од лекарските прогнози, па во Милвоки се надеваат дека нивниот најдобар играч би можел да биде подготвен и за стартот на плејофот.

Се вчитува...