Добра вест за Баерн: Рибери и Бернат се вратија на тренинзи

Јуп Хејнкес има причина за задоволство откако покрај серијата добри резултати, тој доби добра вест и околу повредите на дел од фудбалерите. Имено, Франк Рибери и Хуан Бернат од денеска почнаа со тренинзи со остатокот од тимот и се очекува наскоро да бидат подготвени за камбек на терените.

Рибери ги повреди лигаментите во коленото на дуелот со Херта на 1 октомври, но веќе влезе во последна фаза од рехабилитациската програма. Според информациите од Минхен, тој нема да настапи на следниот дуел против Аугсбург на 18 ноември, но веќе наредниот викенд ќе му биде на располагање на Јуп Хејнкес.

Што се однесува до Бернат, шпанскиот лев бек настрада уште во текот на летните подготовки и се уште нема дебитирано сезонава, но се очекува да влезе во игра во второто полувреме од дуелот со Аугсбург.

 

Се вчитува...