Елиф Елмас зимоска од Наполи се пресели во Лајпциг за 25 милиони евра. Но, често се наоѓа на клупата отколку на теренот, пред се поради одличната форма на холандскиот играч Чави Симонс, кој од ПСЖ се пресели во Лајпциг.
Симонс е позајмен во Лајпциг, а тренерот на ПСЖ, Луис Енрике кажа дека голема е веројатноста да се врати назад.
„Тој е играч на ПСЖ, и нормално е дека го следиме. Не сакам да зборувам сега многу, но ние сме во контакт, и го следиме прогресот на Симонс, и секако дека постои опција да го вратиме“, рече Енрике.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА