Навивачите на Јувентус можат да здивнат откако беше обелоденето дека повредата што Гонзало Игуаин ја заработи на градското дерби со Торино не е од посериозен карактер, па најдобриот стрелец на „старата дама“ експресно ќе се врати на терените. Деталните прегледи покажале минимална повреда на мускулот, поради што Игуаин би можел да му биде на располагање на тренерот Алегри веќе во следното коло, на дуелот на домашен терен против Аталанта.
„Благодарам на сите за поддршката. Наскоро ќе се вратам за заедно повторно да ги славиме победите на Јуве“ – порача Гонзало преку својот профил на социјалните мрежи.
Посериозна е ситуацијата со Бернардески, кој влезе во игра на местото на Игуаин, асистираше при голот за победа, но потоа и самиот заработи незгодна повреда. Точната должина на паузата на ексфудбалерот на Фиорентина не е обелоденета но истата ќе изнесува најмалку 20 дена, што значи дека Бернардески ќе го пропушти и дербито со Лацио на 3 март, како и реваншот од осминафиналето против Тотенхем четири дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА