Добра вест за Јуве – Бонучи се врати на тренинг

Леонардо Бонучи ги израдува навивачите на Јувентус откако денеска тренираше со остатокот од тимот, намалувајќи ги главоболките на тренерот Алегри пред дуелот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Првиот натпревар од тој двомеч на програмата е следната недела, а со оглед на фактот дека Бонучи денеска го издржа целиот тренинг со соиграчите, за очекување е тој без проблеми да биде оспособен за настап во Мадрид.

Ова дефинитивно е одлична вест за „старата дама“ во ситуација кога на повреда се жали и Кјелини, а во меѓувреме продаден беше Бенатија.

Добра вест за Јувентус доаѓа и од Мадрид, откако лекарските прегледи врз Лукас Ернандез покажале дека повредата заработена на дербито со Реал не е наивна, па дефанзивецот на Атлетико нема да може да настапи на првиот натпревар со „старата дама“.

Се вчитува...