Добра вест за Јуве: Влаховиќ се враќа против Болоња

Кризата со повредени фудбалери на Јувентус се намалува, а најдобра вест за тренерот Тијаго Мота е камбекот на Душан Влаховиќ, кој ќе го предводи нападот на „старата дама“ на утрешниот меч со Болоња.

Влаховиќ се повреди при настап за српската репрезентација, а Јувентус во негово отсуство ремизираше на три меча во низа, притоа постигувајќи само еден гол.

„Душан ќе биде со екипата против Болоња. Тој тренираше со тимот во текот на минатата седмица, среќни сме што го имаме повторно во тимот за да го прави она што најмногу сака – да излезе на терен, да игра фудбал и да дава голови“, изјави Мота.

Заедно со Влаховиќ се очекува и камбекот на младите Аџиќ и Савона, а Мота ниту за дуелот со Болоња нема да може да смета на Милик, Бремер, Кабал, Мекени, Нико Гонзалез и Даглас Луиз.

Се вчитува...