Добра вест за Милан: Леао се враќа во тимот

Стефано Пиоли и Милан имаат причина за задоволство откако Рафаел Леао ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на стручниот штаб.

Португалскиот крилен офанзивец речиси цел месец беше надвор од терените поради проблем со мускулот, но последните лекарски прегледи покажале дека повредата е целосно санирана, по што Леао добил зелено светло да се врати на тренинзите на „росонерите“.

Тој ќе тренира со остатокот од тимот во следните неколку дена, по што ќе биде донесена одлука дали да биде стартер в сабота против Аталанта, или да биде сочуван за клучниот натпревар од Лигата на Шампионите, на гостувањето против Њукасл.

Милан моментно е последен во својата група, но се уште има шанси за пласман во осминафиналето, со триумф во Њукасл и со победа на Борусија во Дортмунд над ПСЖ во вториот меч од оваа група.

Се вчитува...