Добра вест за МЗТ: Трајковски се враќа за Супер-лигата

МЗТ Скопје ќе биде засилен за клучните натпревари сезонава откако Бојан Трајковски ги надмина проблемите со повредата која го мачеше во последно време. Крилниот центар во последните триесетина дена не му беше на располагање на тренерот Лукајиќ, но повредата на тетивата веќе е минато, па македонскиот репрезентативец во вистински момент ќе се врати во таборот на актуелниот првак – за клучните пресметки за одбраната на титулата.

Како што јавуваат од таборот на „металците“, Трајковски нема да настапи на утрешното гостување во Битола против Пелистер, во последното коло од Првата лига, но потоа ќе биде подготвен за стартот на Супер-лигата.

МЗТ Скопје ќе ја стартува Супер-лигата од третата позиција, зад Работнички и Блокотехна, но амбиците се јасни – одбрана на шампионскиот трофеј освоен лани.

Се вчитува...