Добра вест за Реал: Анчелоти утрово отпатува за Лондон и ќе ги води „кралевите“ со Челси

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се опорави од коронавирусот и ќе ја води екипата вечерва на натперварот против Челси во Лондон, објави на официјалната страница тимот на „кралевите“.

Анчелоти поради коронавирус, не беше на тренинзите на тимот во последните неколку дена, а не отпатува и вчера со екипата во англискиот главен град. Италијанецот не беше на клупата против Селта, меч кој го доби неговиот тим.

Ова е добра вест за навивачите на кралскиот клуб, кои стравуваа дека отсуството на тренерот ќе биде од голема корист за европскиот првак Челси во вечерашниот меч.

Се вчитува...