Српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ ги отстрани дилемите околу статусот на Стефан Јовиќ објавувајќи дека првиот плејмејкер на „орлите“ ќе биде во комбинација за настап на големото финале со Словенија. Јовиќ го повреди скочниот зглоб за време на последната четвртина од полуфиналето со Русија, но деталните прегледи утврдиле дека не станува збор за ништо сериозно.
„Веќе беше на прегледи, се е во ред, нема посериозна повреда. Станува збор за дисторзија на зглобот, но тој инсистира да игра. Не се сомневам дека ќе даде се што може за да победиме. Секако дека ситуацијата е непријатна, но каква е годинава за нас, ништо не би ме зачудило. Дури и треба да внимаваме кога минуваме улица, да не паднеме во дупка“ – истакна Ѓорѓевиќ, алудирајќи на бројните проблеми со повреди на српските кошаркари во текот на подготовките, но и за време на овој Евробаскет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА