Добра вест за Тотенхем – Сон потпиша нов договор

Тотенхем се подготвува за заминување на Хари Кејн, но добра вест за лондонскиот клуб е што Хеунг Мин Сон ќе продолжи уште долго да го носи дресот на „спарси“. Корејскиот ас, кој заедно со Кејн со години наназад е лидер на тимот на Тотенхем, денеска и официјално ја потврди лојалноста кон лондонскиот премиерлигаш потпишувајќи нов четиригодишен договор.

Сон е член на Тотенхем од август 2015 година, кога пристигна од редовите на Баер Леверкузен. Тој оттогаш има настапено на 280 средби за лондонскиот клуб, притоа постигнувајќи 107 гола и 64 асистенции.

„За мене е огромна чест што ги минав последните шест години во Тотенхем, овој клуб ми покажува огромен респект и пресреќен сум што сум овде. Немав дилема, се договоривме многу брзо бидејќи јас и не размислував за ништо друго освен за останување во Тотенхем“, изјави Сон.

Се вчитува...