Добра вест за Вардар – Мешков Брест доаѓа без првиот голман во Скопје

Мешков Брест ќе биде значително ослабен на утрешното гостување против Вардар во второто коло од Лигата на Шампионите, откако Иван Пешиќ не се најде на списокот на ракометари кои тргнаа на пат за Скопје.

Белорускиот првак утрово го објави списокот на играчи за мечот со Вардар, по што стана јасно дека Пешиќ не се рехабилитирал од повредата поради која се уште нема ниту еден настап од самиот почеток на сезоната. Покрај него, во тимот на Брест Мешков утревечер ќе ги нема ниту Пачковски, Будејка и Селвасјук, како и Јака Малус, кој се повреди на последниот меч од белоруското првенство против СКА Минск.

Се вчитува...