Добредојдовте на шоуто на Лука Дончиќ (видео)

Лука Дончиќ продолжува да ги освојува симпатиите во НБА-лигата, откако младиот Словенец одигра фантастичен меч на гостувањето против Сан Антонио. Тој беше незапирлив за „мамузите“, реализирајќи 31 поен, осум скока и четири асистенции, со шут од поле 11/18, на најдобар можен начин покажувајќи ги своите вонсериски квалитети.

Дончиќ блесна пред крајот на првото и стартот на второто полувреме, кога го врати својот тим од двоцифрена негатива, но и тоа беше недоволно за да се избегне пораз, откако Сан Антонио победи во продолжение од пет минути, со конечни 113-108.

Се вчитува...