Добри вести: Никола Митревски е на пат за Дебрецин!

ЕКИПА во Дебрецин,

Стеван Цаневски

Никола Митревски е на пат за Дебрецин каде утре може да и приклучи на македонската ракомента репрезентација во вториот натпревар од Европското првенство 2022 во кој ќе се сретнеме со Црна Гора од 18 часот.

Голаманот кој доби „лажен“ позитивен тест на Ковид-19 отпадна од првичниот состав, но откако се отврди дека не е позитивен на вирусот доби можност да биде дел од македонската репрезетнација на првенството во Унгарија.

Митревски денеска патува за Дебрецин, а доколку добие негативен тест и утрешното тестирање ќе застане меѓу стативите за одлучувачкиот натпревар со Црногорците.

Се вчитува...