Добри вести од Куманово: Младиот фан кој падна од трибина е во добра здравствена состојба (ФОТО)

Во вториот дел натпреварот помеѓу Башкими и Вардар кој се игра во Куманово, беше во неколкуминутен прекин. Причината за тоа е што навивач од трибината падна на теренот, и се здоби со повреди.

За среќа, брзата интервенција на медицинските лица спречија голема несреќа. Младиот фан е добра здравствена состојба, информираат од Башкими.

„Драги родители, навивачи и пријатели на клубот.

За време на денешниот натпревар против Вардар имаше инцидент со еден од нашите млади навивачи, Ноарин. За среќа, по брзата интервенција на родителите и медицинските лица тој се наоѓа во добра здравствена состојба и е надвор од животна опасност“, стои во дел од соопштението на ФК Башкими.

Се вчитува...