Добри вести за Чави: Двајца клучни играчи ќе бидат „фит“ за ПСЖ

Репрезентативната пауза беше добредојдена за дел од клубовите со поголем број на повредени фудбалери, кои го искористија времето за рехабилитација и побрзо враќање на терените. Така, Барселона наскоро повторно ќе ги има во тимот Педри и Френки де Јонг, откако двајцата фудбалери влегоа во последната фаза од рехабилитациите по повредите што ги заработија пред нецел месец.

Педри веќе почна да тренира индивидуално и од понеделник би требало да стартува со тренинзи со екипата. Де Јонг се уште не е почнат со тренинзи со топка, но во лекарскиот тим постои огромна доза оптимизам дека и холандскиот ас наскоро ќе му биде на располагање на тренерот Чави.

Двајцата дефинитивно нема да настапат викендов против Лас Палмас, а планот е тренерот Чави да ги има на располагање Де Јонг и Педри за првиот меч од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против ПСЖ, закажан за 10 април.

Се вчитува...