Добри вести за Денвер: Повредата на Јокиќ не е сериозна

Никола Јокиќ се повреди на дуелот помеѓу Денвер и Јута откако при крајот на првото полувреме се судри колено со колено со Руди Гоберт. Српскиот центар потоа се врати за загревањето во пресрет на второто полувреме, но не настапи во него.

По деталните прегледи воспоставено е дека актуелниот најкорисен играч во НБА лигата нема оштетување на десното колено и не станува збор за сериозна поведа со што наскоро ќе може да се врати на паркетот. Поради внимателност тоа нема да биде на следниот дуел со Далас, но очекувањата се да паузира неколку дена, пренесуваат американските медиуми.

Српскиот центар и на почетокот на сезоната ја задржа МВП форамата. Во дуелот против Јута за 15 минути поминати на паркетот забележа 24 поени надополнети со 6 скока и 6 асистенции, а во првите четири дуели бележи просек од 27.7 поени, 16 скока и четири асистенции по натпревар.

Се вчитува...