Добри вести за Конте – Санчез успешно се опоравува

Фудбалерот на Интер, Алексис Санчез успешно се опоравува од повредата на левиот скочен зглоб и на терените би можел да се врати побрзо од очекуваното, соопшти тимскиот доктор, Пјеро Волпи. Санчез поврдата ја доживеа на меч за за репрезентацијата на Чиле минатиот месец, по која мораше да замине на операција.

„Повредата бара секој чекор да биде максимално испратен, но за сега се оди како што треба. И понатаму планот е тој да се врати во јануари, но веруваме дека неговото враќање може да се случи и порано. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата по божиќ“, изјави Волпи.

Интер во моментов се наоѓа на втората позиција во Серија А, со бод помалку од второпласираниот Јувентус.

Се вчитува...