Добри вести за Партизан околу повредата на Егзум

Повредата на Данте Егзум заработена по бруталното однесување на Јабуселе во масовната тепачка на мечот Партизан – Реал Мадрид за среќа не е од посериозна природа.

Српскиот портал „Телеграф“ обелодени дека деталните прегледи извршени врз австралискиот репрезентативец покажале дека не станува збор за скршеница, што ќе беше црно сценарио и дефинитивен предвремен крај на сезоната за Егзум. Врз одличниот плејмејкер до крајот на денот ќе бидат извршени нови специјалистички прегледи, по што Партизан ќе излезе со официјално соопштение околу сериозноста на повредата и должината на паузата.

За потсетување, клупскиот лекар на „црно-белите“ синоќа обелодени дека Егзум има напукната тетива на прстот на ногата, повреда што (доколку е само таа) може да биде бандажирана и тој би се вратил на терените многу порано од првичните црни прогнози.

Се вчитува...