Добри вести за Реал Мадрид пред евролигашкиот плеј-оф против Партизан

Реал Мадрид и Партизан ќе си ги одмерат силите во евролигашкиот плеј-оф за еден од четирите билети за „фајнл-фор“ завршницата на најсилното кошаркарско натпреварување на „стариот континент“ која оваа година ќе се одржи во Каунас.

Шпанскиот состав во пресрет првиот натпревар кој е закажан за 25. април воедно добива и две големи засилувања. Во тимот се враќаат Најџел Вилијамс-Гос и Серхио Љуљ, а и повредата на Адам Ханга не е сериозна со што очекувањата се дека Унгарецот ќе биде подготвен за средбата со „црно-белите“.

„Двајцата тренираа оваа недела, но ќе ја искористиме паузата во Евролигата до плеј-офот да видиме како ќе се чувствуваат Најџел и Серхио. Партизан е многу незгоден противник кој игра се подобро и подобро. Кој ривал и да го добиевме ќе беше тежок, но имаме предност од домашен терен и наше е да ја искористиме“, вели тренерот Чус Матео.

Се вчитува...