Добри вести за ЦСКА Москва: Милутинов ќе отсуствува само три до четири недели

Центарот на ЦСКА Москва, Никола Милутинов откако го пропушти поголемиот дел од претходната сезона поради повреда за оваа сезона се врати на паркетот, но српскиот интернационалец веќе на првиот натпревар од Евролигата заработи нова повреда.

Имено, Милутинов се повреди на самиот старт на мечот во Милано кога Џиџи Датоме падна на неговата нога, а и покрај тоа што првичните информации велеа дека станува збор за сериозна повреда на лигаментите на коленото, деталните прегледи утврдија дека пазуата ќе биде „само“ три до четири недели.

Се вчитува...