Добри вести за Тухел: Нојер и Сане се враќаат за утрешниот меч со Арсенал

Добри вести за Томас Тухел и Баерн Минхен пред утрешниот прв натпревар на тимот против Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во комбинација за настап на утрешниот натпревар против Арсенал во Лондон ќе бидат и голманот Мануел Нојер, како и Лирој Сане, кои денеска го одработија тренингот на баварскиот тим.

Нојер, како што е познато, се повреди на тренинг на репрезентацијата во март и од тогаш не беше на голот на Баерн, а Сане исто така беше повреден. Сега и двајцата ќе бидат во авионот за Лондон.

Се вчитува...