Добриот стар Кирјос: Поради фризурата се расправаше со навивач

Австралискиот тенисер Ник Кирјос, продолжува по свое и на турнирот во Мајами. Покрај што во убедливата победа над Душал Лајовиќ ја воодушеви публиката со неверојатни потези, 23 годишникот влезе во расправија со еден навивач.

На резултат 4-1 во првиот сет, Австралиецот почна разговор со гледачот кој седеше во првиот ред зад основната линија.

„Дали доби бесплатна карта? Зошто мене ме гледаш во недела навечер? Нема ништо попаметно што да правиш?“, прашуваше Кирјос.

Судијата на мечот се обиде да ја смири ситуацијата, но не успеа. Кирјос константно се вртеше кон навивачот. Во еден момент тој му фрли едно топче, а кога обезбедувањето го изнесе навивачот надвор од стадионот, Кирјос му мавташе.

„Ме навредуваше, на крајот ми рече дека фризурата ми е ср**е. Не бев неколку дена на фризер и можеби и беше во право“, ја објасни ситуацијата Кирјос. 

Се вчитува...