Добро познати лица ќе му асистираат на Васоски во Сараево

Новиот тренер на Сараево, Александар Васоски го комлетираше својот стручен штаб веќе на првата прозивка која беше одржана вчера. Васоски за прв помошник го има Раденко Бојовиќ, со кого работеше и во Академија Пандев и во Вардар. За физичката подготовка на фудбалерите ќе биде задолжен Михајло Костиќ, тренер кој долги години беше во таборот на Вардар, односно од 2014. па до следните шест години.

Сараево подготовките ќе ги одработи најпрво во БИХ, а на 30. јануари експедицијата заминува на подготовки во Анталија.

Инаку како прво засилување на Васоски се споменува Даниел Аврамовски, исто така познат на стручниот штаб со оглед дека играше во Вардар, пред да замине во Кајзериспор. Меѓутоа Аврамовски има и други понуди, па останува да се види дали ќе прифати да соработува повторно со Васоски.

Се вчитува...