Леброн Џејмс е едно од најпознатите имиња во светот на спортот со години наназад. Тој е голема кошаркарска ѕвезда и еден од најдобрите во историјата на НБА, но сега друг спортист со истото име го привлече вниманието на јавноста во САД.
Овој пат во центарот на вниманието е Леброн Џејмс од Тринидад и Тогаго кој ја освои титулата во фрлање копје, со тоа што фрли 77,91 метар и го сруши рекордот на НЦАА натпреварувањето.
21-годишниот Џејмс настапува за колеџот „Њу Мексико Џуниор“. До неговото фрлање, рекордот беше 76,29 метри на Марк Феликс.
Веста за неговиот резултат се прошири многу брзо на социјалните мрежи, пред сè поради фактот што младиот спортист го има истото име како еден од најдобрите кошаркари на сите времиња.
Младиот спортист е по потекло од Тринидад и Тобаго, а интересно е што е роден во 2003 година, истата година кога кошаркарот Леброн Џејмс беше избран како прв пик на драфтот во НБА и ја започна својата професионална кариера со Кливленд Кавалирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
