ДОБРО УТРО ШАМПИОНИ – Деценија подоцна… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

‘ДОБРО УТРО ШАМПИОНИ’, одекна на ѕид пред библиотеката во популарниот „Прв центар“ пред десет години кога МЗТ Скопје за прв пат во својата историја, по 45 години ја прекина „клетвата“ и ја освои шампионската титула… Десет години подоцна – ‘сино-бела’ доминација.

МЗТ Скопје во една деценија промени голем број на тренери и голем број на играчи, но трофеите знаеја да си го најдат местото во витрините на СЦ „Јане Сандански“. Осум титули во првенството и шест Куп трофеи е биланост на „сино-белите“ со кои влегоа во трка со најтрофејниот Работнички.

Аеродромци ја започнаа десетгодишната доминација со двојна круна, а ја завршија на идентичен начин.

 

 

Се вчитува...